(ГАЛЕРИЈА) Честитки пристигнуваат од секаде: Тајланд го слави животот

Вчера официјално беа извлечени сите 12 деца и тренерот заглавени во пештерата во Тајланд. 

Овој случај буквално привлече внимание во светски рамки, па медиумите постојано пренесуваа нови информации за текот на спасувачката мисија. По многу анализи за таа дали ќе биде успешна или не, ризикот од извлекување на заглавените, како и борбата со времето, целата драма заврши успешно.


Момчињата и нивниот тренер се пренесени во болница, каде моментално е ограничен пристапот, со исклучок за нивните семејства. 

Сепак тоа не ги спречи мештаните од Чианг Раи, но и општо луѓето од Тајланд да излезат на улиците и да го слават животот, среќни и благодарни за среќниот крај на оваа приказна. 

Исто така, честитки полека пристигнуваат од цел свет и тоа како од бизнисмени, така и од фудбалски тимови и претседатели или политичари од различни земји. Меѓу нив се: Тереза Меј, Доналд Трамп, Манчестер Јунајтед, како и од Елон Муск.