(ГАЛЕРИЈА) Дама во шестата деценија: Безвременската убавина на Лидија Вукичевиќ
Една од најпознатите актерки на поранешните југословенски простори и ден денес се поврзува со улогата во култната серија „Подобар живот“ која придонесе нејзиниот живот да стане подобар, како на професионално, така и на приватно поле.
Лидија Вукичевиќ, односно Виолета Попадиќ, врвот на својата кариера го доживува токму преку овој лик, па и долги години по емитувањето на серијата, неретко луѓето кои ја препознаваат на улица, ја довикуваат токму по името „Виолета“.
Серијата почна да се емитува крајот на осумдесеттите години, но иако придонела таа да го стигне статусот на југословенска ѕвезда, сепак нејзиниот актерски опус е многу побогат отколку што јавноста знае.
Покрај успехот во сферата на глумата, Вукиќевиќ беше активна и во политиката, но сепак лично за нејголем успех го смета мајчинството и раѓањето на двата сина - Андреј и Давид.
По разводот од фудбалерот Митар Мркела во 2000 година, Лидија со синовите се враќа во Белград, бидејќи претходно често се селела поради професионалните обврски на сопругот.
Актерката е родена во 1962 година во Краљево, па нескромно може да се каже дека во шестата деценија од животот изгледа божествено. Со висина од 175 сантиметри, оваа убавина од жена, стана препознатлива по бујната негувана коса, одржување на совршена телесна форма, но и стилот во чиј фокус е секогаш сексапилот.
По тој повод, таа во една прилика за српски медиум изјави: „Жена кога ќе го изгуби својот сексапил, тогаш губи многу. Сакам секогаш да бидам жена и послаб пол. Така се чувствувам најдобро и имам најдобра енергија. Штом го изгубите својот сексапил, може да се помирите со изразот жена“.
На 56 години, Вукичевиќ негува атрактивен стил кој речиси секогаш вклучува тесни парчиња облека, комплетирани со обувки на високи потпетици. Покрај кратките и долги здолништа, актерката носи и панталони и тесни фармерки, кои ги комбинира со маички или блузи со голи стомаци. Таа е горда на своите облини, ги следи трендовите, па неретко знае да го истакне деколтето, но исто така е апсолутно ефектна и во спортско издание.
Нејзинот профил на Инстаграм изобилува со фотографии во костими за капење, па слободно можеме да констатираме дека Лидија Вукичевиќ, има тело на кое многумина може да позавидат. Негувана, убава жена со прекрасна насмевка, Вукичевиќ е доказ дека жената може да биде прекрасна во секоја деценија од животот.