Ѓоковиќ и сопругата позитивни на Ковид-19: Исклучително многу ми е жал за секој поединечен случај

По откажувањето на финалето на турнирот во Задар поради фактот дека Григор Димитров бил заразен со коронавирус, тенисерот Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград, каде веднаш беше тестиран.

Резултатите покажаа дека најдобриот тенисер на светот е позитивен на Ковид-19, исто како и неговата сопруга Јелена. Децата добија негативни резултати, што значи не се заразени.

- Сè што направивме во изминатиот месец направивме со чисто срце и искрени намери. Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер со идеја да им помогнеме на тенисерите од регионот, да им обезбедиме услови да играат, да заработат приходи и со тоа да го надминат овој тежок период полесно. Во исто време, сакавме да испратиме пораки на солидарност и почит, фер игра. Целта беше да им помогнеме на добротворните фондации и на оние на кои им е најпотребна помош, и мило ми е што голем број луѓе се приклучија на иницијативата- изјави Ѓоковиќ откако соопшти дека е позитивен на вирусот.

- Исклучително многу ми е жал за секој поединечен случај на инфекција. Јас ги следам изјавите на лекарите и се надевам дека бројот на заразени нема да се зголеми. Се надевам дека никој нема да биде во комплицирана здравствената состојба и дека сите ќе бидат во ред. Јас ќе останам во самоизолација наредните 14 дена и ќе го повторам тестот за 5 дена - додаде тој.

Насловна фотографија: ALEKSANDAR DIMITRIJEVIĆ / RAS SRBIJA

Ѓоковиќ: „Не сум за вакцинација против коронавирусот“