Неверојатна сличност: Биковиќ му понуди на Ѓоковиќ улога на Никола Тесла

Милош Биковиќ потпиша протокол за соработка во проектот „Тесла“ со руската Национална медиумска групација во Санкт Петербург.

Оваа информација е потврдена за српски Телеграф од страна на лице упатено во проектот што го подготвува Биковиќ, но се потенцира дека има малку шанси дека Ѓоковиќ ќе се согласи, и тоа само од една причина - недостаток на време.

- Тоа е точно, но како што сега стојат работите, за Новак е многу тешко да се посвети на еден ваков проект - вели изворот за Телеграф.

- Тој со ентузијазам ја прифати информацијата дека се планира филм за Никола Тесла. Тоа е од големо значење за нас, а Новак реагираше многу позитивно на поканата на Милош да го игра Тесла. Покрај огромниот одек што би се направил, интересно е и колку Ноле наликува на Тесла - вели изворот.

Новак никогаш не криел колку му се восхитува на Тесла

-Еден од луѓето на кои се восхитував целиот мој живот, иако не живеев во неговата ера. Тој остави огромно наследство на сите нас. Тој е една од најголемите причини зошто го имаме ова „во живо“ и сè што е безжично е негов изум - рече Новак за Никола Тесла во една пригода.

- Еден од неговите цитати што честопати го повторувам е дека човекот мора да биде разумен за да размислува јасно, но може да размислува длабоко и да биде доста луд. Тој ја сфатил важноста да се одржува мирен ум... настојувајќи да бидеме во совршена хармонија - рече Ѓоковиќ.

Русите инвестираат 2 милиони евра во овој проект, а планирано е снимање на филм и серија.

извор: telegraf.rs

(ФОТО) Без сопруги и девојки: Вака изгледа кога браќата Ѓоковиќ одат на забава

Моите беа богати, но изгубивме сè: Милош Биковиќ за семејството и братот монах

Милош Биковиќ откри дека е Македонец: Убавиот актер е од Берово

(ФОТО) На неговиот шарм паднаа многу девојки: Љубовниот список на заводникот Биковиќ