Го преживеа атентатот од талибанците и е најмлада добитничка на Нобелова награда: Се омажи Малала Јусуфзаи

Добитничката на Нобеловата награда за мир и активистка за човекови права го кажа судбоносното „да“

Малала Јусафзаи објави дека се омажила за својот партнер Асер Малик на скромна церемонија во Бирмингем.

Малала (24), пакистанска активистка за правото на образование на жените, на својот Твитер профил објави фотографии од венчавката, на кои се гледаат Малик и членовите на нивното семејство.


Иако во традицијата на Пакистан, вообичаено e невестата да склучува однапред договорен брак, нејзиниот татко рекол дека таа одлука ќе ѝ ја остави на Малала.

„Денес е посебен ден во мојот живот, Асер и јас сме посветени да бидеме партнери до крајот на нашите животи. Возбудени сме што ќе чекориме заедно напред“, напиша Јусафзаи.

Малала стана најмладата добитничка на Нобелова награда во која било област на 17-годишна возраст, кога ја подели Нобеловата награда за мир во 2014 година со индискиот активист за правата на децата Каилаш Сатирахи.

Таа е позната како борец за правото на образование и правата на жените, особено во долината Сват, каде талибанците им забранија на девојчињата да одат на училиште.

На 9 октомври 2012 година, врз неа беше извршен атентант, кога напаѓачот се качил во училишниот автобус додека таа се враќала од училиште и испукал два истрели во главата и вратот на Малала.
Пред три месеци таа ја имаше шестата операција како последица од нападот.

View this post on Instagram

A post shared by Malala (@malala)


Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

По атентатот таа беше во критична состојба, но нејзината здравствена состојба се подобри, па беше префрлена во Бирмингем на понатамошно лекување.

По атентатот таа доби поддршка од цел свет, а специјалниот пратеник на Обединетите нации за глобално образование, Гордон Браун, започна петиција под слоганот „Јас сум Малала“ со цел на сите деца ширум светот да им биде овозможено училиште до крајот на 2015 година.

View this post on Instagram

A post shared by Malala (@malala)


Петицијата доведе до тоа Пакистан да ја ратификува првата повелба за правото на образование.

извор:telegraf.rs
фото:instagram