Го спасила животот на својот син (8): Беше глупаво да го носам на лекар заради ова ситница а, потоа дознав дека ќе умрел ако не го сторев тоа

Фото: Фејсбук

Мајката Александра се срамела што го носи детето на лекар поради глупава ситница, но се покажало дека со овој потег го спасила животот на нејзиниот син

Александра Руди (41) забележала пар безопасни црвени линии на зглобот на нејзиниот осумгодишен син Еван и веднаш го однела на лекар, иако, како што вели, од неа било глупаво да паничи поради таква ситница . Еве ја нејзината објава на Фејсбук што деновиве се шири меѓу родителите ширум светот:

- Размислував дали воопшто да го објавам ова, но сопругот ме убеди дека тоа е вистинскиот потег. Сигурни сме дека на родителите ќе им значи многу.

Пред околу една недела, нашиот син падна додека шеташе низ зоолошката градина. Добро се удри, но штом се вративме дома, му ја исчистив раната. Бидејќи тие денови имаа екскурзија, на училиште спомнав да внимаваат добро да ги исчистат и дезинфицираат неговите раце, бидејќи требаше да посетат фарма. Сепак, тој е осумгодишник и ќе ги валка рацете каде и да оди.

Кога се врати, раните не изгледаа инфицирани. Сепак, таа се зголеми и тоа беше единствената промена. Исто така, забележав една долга црвена линија низ вената. Ја проверив раната на лактот - иста работа. Иако беше глупаво од мене да паничам околу ситниците, го однесов на лекар за секој случај.

Меѓутоа, кога пристигнавме, лекарот практично ми честиташе за брзата реакција, бидејќи мојот син имаше сепса. Брза реакција и антибиотици спречија какви било проблеми, но ако чекав, работите можеа да бидат фатални. Затоа, ако видите вакво нешто кај вашето дете - брзо одете на лекар - рече мајката.

Нејзината објава има околу 40.000 споделувања и десетици коментари од благодарни родители.


Можеби ќе ве интересира:

Пред седум недели родив ќерка и многу сум лута и љубоморна: Од нејзиниот прв ден, и моето и неговото семејство повторуваат само едно