Гордост! Гимастичарката Илина Соколовска од Македонија освои злато во Бундеслига
Македонското
девојче Илина Соколовска повторно постигна неверојатен успех! На стартот на
натпреварите во Бундеслига, Илина освои злато и го однесе нејзиниот клуб на
врвот. Првото место на нејзиниот клуб Гутерсло-Билефелд благодарејќи на поените
кои ги освои Илина.
Ова уште еден успех на нашата Илина, која иако е со македонски пасош, сепак, освојува медали во Германија.
- Пред неколку дена во Бундеслигата, мојот тим, каде капитен е Гутерсло-Билефелд, за прв пат имаше натпревар во Бремен и тоа според новите правила за судење во ритмичка гимнастика. Новите правила се многу строги, а се менуваат по секоја Олимпијада. На овој натпревар судиите судеа според новите правила. Но, тоа мене не ми претставуваше проблем, бидејќи цело време се подготвував според новите правила. Серијата започна со голем успех и затоа сум пресреќна, рече Илина и додаде:
-Конкуренцијата во Бундеслигата е една од најсилните во Европа. Германската женска репрезентација се натпреварува во клубови во Германија, има многу успешни гимнастичарки од други држави, тука мислам на репрезентативките на Италија кои се натпреваруваат за Баерн Леверкузен. Во Лигата има многу гимнастичарки од Унгарија, како и голем број од Русија и Украина,кои не можат да се натпреваруваат во своите земји поради војната. А се знае дека нивната гимнастика е на многу повисоко ниво од другите земји. Ама со упорно тренирање мене не ми беше проблем да освојам најмногу поени. Скоро 30 проценти од поените за мојот клуб ги донесов сама, едноставно беше мој ден. Сепак ова ми е трет пат каде екипно се натпреварувам во финалето и го губиме, но се надевам до година ако ни се придружи некоја добра гимнастичарка од елитата ќе бидеме и на победничките скали, рече Илина, која се натпреваруваше со лента, обрач и топка, и како и вообично, нејзината кореографија беше со македонска песна.
Вака изгледаат резултатите кога во средена држава се тренира, за разлика од Македонија каде ритмичката гимнастика е на маргините.
Илина и нејзината сестра Ева минатиот месец по втор пат ја претставуваа Македонија на Балканско првенство, кое со право може да се каже и дека е Европско, бидејќи не учествуваат само земјите од Балкан, туку и од поширокиот регион.
-Со сестра ми ја претставувавме Македонија по втор пат на Балканското првенство. Наша најголема желба е да настапуваме под македонското знаме иако нашата гимнастика не е на ниво на кое треба да биде. Црногорците не прифатија како што доликува, како вистински професионалци и навистина се организирани по сите стандарди. А ако ме прашувате за ритмичка гимнастика во Македонија, само ќе кажам-извинете ама, за жал, , ја немаме ни буквата Г одгимнастика. Јас како репрезетативка на ФГСРМ слободно ќе кажам дека ние сме далеку, многу далеку во овој спорт и слободно можеме само да учиме од соседните држави. Се надевам дека за нашата гимнастика ќе дојдат подобри денови и дека навистина за овој спорт ќе се размислува по сите норми и стандарди, како што доликува на една држава, кажа Илина.
Илина и и нејзината сестра Ева заедно со ФГСРМ ќе ја преставуват Македонија во Луксембург на Интернационален турнир по ритмичка гимнастика, кој ќе се одржи од 20- 23 овој месец, а во март идната година заминуват за Франција каде на уште еден Интернационале турнир каде исто така ќе ја преставуват Македонија.