Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати од работењето во 2024 година - Отворен патот кон транзиција во целосно дигитална банкарска групација

Групацијата Иуте од Талин - водечка европска банкарска групација во делот на микрофинансии под чијашто капа работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултати за работењето во 2024 година.
Платежните и дигиталните осигурителни услуги продолжуваат значително да растат, и тоа побрзо во споредба со кредитирањето, со очекување за дополнителна акцелерација.
Вкупните приходи на групацијата пораснаа за 6,6%, изнесувајќи 112,7 милиони евра (12M/2023: 105,7 милиони евра), додека консолидираната вкупна актива порасна за 10,6% достигнувајќи 415,7 милиони евра, со капитал во износ од 74,5 милиони евра и раст од 16,7%.
Нето добивката на групацијата достигна 9 милиони евра, како резултат на проширувањето во нови бизнис сегменти, воведување на нови услуги и влез во нови технологии.
“Потребата од испорачување на персонализирано искуство кон нашите клиенти останува приоритет, овојпат со поставување на уште повисоки стандарди, кои носат комплексни барања и имплементирање на напредни алатки за подобрување на дигиталните и автоматизираните процеси, посебно со оглед на фактот дека за првпат е интегрирана вештачка интелигенција во позадинските оперативни процеси. Благодарејќи на заедничките напори на целиот тим, групацијата успеа да го подобро кредитното портфолио и оперативната ефикасност. Голем дел од ресурсите за развој ќе бидат посветени на дополнително усовршување на сегментите на електронски пари и осигурување, преку мрежата од повеќе од еден милион корисници на Myiute апликацијата на Балканот.”- изјави Тармо Силд, Извршен директор на групацијата.
Како за напомена, бројот на активни корисници порасна за 1,9% изнесувајќи 262 илјади (31.12.2023: 257 илјади), додека вкупниот број на корисници порасна за 10,9% броејќи 908 илјади (31.12.2023: 819 илјади).
До крајот на 2025 година се очекува бројот на активни корисници на кредитните, платежни и осигурителни услуги да порасне на 300.000, додека консолидираната вкупна актива да достигне бројка од 500 милиони евра, со раст на приходите од минимум 10% и нето добивка од 20%, во споредба со минатата година.
Иуте неодамна направи голем исчекор со проширување на своите платежни услуги освен на Балканот и на тлото на Европа, со добиената лиценца за започнување со работа на IutePay во Бугарија, доделена од страна на Централната Банка во Бугарија.
Целиот сумиран извештај и преглед е достапен тука.
ПР објава