Развиваме соодветна средина за просперитет на жените

Ашлинг Видон, Постар директор, Човечки ресурси за Европа и Африка во Herbalife зборува зошто е соодветната средина на работното место основен темел за да ја забрзаме акцијата
Темата на овој Меѓународен ден на жената е „Да ја забрзаме акцијата“, што е крајно релевантно. Жално е што во 2025 г. сѐ уште се бориме со нееднаквост за жените. Според Светскиот економски форум, со тековната стапка на напредок, комплетна родова еднаквост на глобално ниво ќе се постигне во 2158 г., што е отприлика за пет генерации отсега. Сепак, и покрај тоа што разочарува фактот дека нема голем напредок, мислам дека на ова треба да гледаме од друг агол: имаме постигнато одреден напредок и самото тоа што имаме платформи и канали за дискусија за овој предизвик е позитивен чекор и ја подига свесноста кај сите нас.
Промена ќе се случи само со отворен и искрен дијалог, со сите гласови на маса. Се надевам дека може да го приближиме тој датум, 2158 г. така што ќе ја забрзаме акцијата и напредокот кон промена, но за тоа е неопходно темелите да се како што треба. Тука не се работи само за вашата канцеларија или работна средина; тука станува збор за соработка на целиот приватен и јавен сектор со цел да се развиваат соодветни услови за жените да можат да рушат бариери и препреки кои може да го отежнуваат нивниот напредок.
Промена нема да се случи ако средината не им обезбедува на сите – а тука спаѓаат и жените – место и простор да си бидат свои, да ги искажат ставовите и, најважно од сѐ, да бидат слушнати. Нема да се случи ни без практики што им даваат поддршка на жените; создавање можности за едукација на работната сила или давање прилика да се едуцираат самите; сесии за фидбек меѓу тимовите за да разберат како луѓето функционираат најдобро; или практични политики на работното место што се наменети за теми што ги засегаат жените.
Горда сум што работам во една организација – Herbalife – што има одлична култура во која секој добива поддршка да се развива и да си биде автентично свој. Оваа култура ја има и кај нашите независни Дистрибутери што ги продаваат Herbalife производите. Интересно е тоа што неверојатни 75% од нашите Дистрибутери се жени; инспиративни жени што градат бизнис за да работат хонорарно или со полно работно време со цел да си го зголемат приходот и да изградат живот каков што сакаат. Се охрабрувам кога ги гледам нашите Дистрибутери како постојано рушат бариери и добиваат нова надеж и возбуда за она што може да го постигнат.
Свесна сум дека имам привилегија да работам во средина што е опкружена со инспиративни жени и мажи – и вработени, и независни Дистрибутери – и градат своја кариера и бизнис под свои услови. Меѓутоа, Меѓународниот ден на жената нѐ потсетува дека ова не е секаде вака. Повеќе од 20 години работам во Оддели за човечки ресурси во големи компании и сакам да споделам некои од моите согледувања – врз основа на иницијативите и културата што ги имаме во Herbalife – за тоа како може да градиме темели како што треба, што ќе нѐ постави во позиција за забрзан успех.
Не поаѓајте од претпоставки и водете сметка да не ви се провлекуваат неточни претпоставки без да забележите
Жените може да бидат предмет на микроагресии што може да водат до родови стереотипи. Микроагресијата може да биде изразена во многу различни облици, како на пр. зборови, постапки или инциденти што водат до суптилна – напати и ненамерна - дискриминација на лице или група. Можеби терминот звучи драматично, но кога во одреден временски период вакви работи се случуваат во континуитет, вкупниот ефект му нанесува голема штета на лицето и може да создаде сеопшта многу негативна култура. На пример, сум видела ситуации кога од жени се бара да направат чај за време на состанок или претпоставки дека неодамна свршени или венчани жени набргу ќе имаат деца. Сум видела и ситуации каде директни и отворени жени се сметаат за агресивни, што не верувам дека би било случај ако станува збор за мажи. Сум видела и ситуации каде на состаноци жени биле прекинати во среде збор и не им бил даден простор да се доискажат. За жал, трипати е поголема веројатноста жени да бидат прекинати додека зборуваат на состанок во однос на мажи, а се случува да бидат прекинати и од страна на други жени. Иако вакви работи ретко се прават свесно или со лоша намера, може да доведат до родови стереотипи и претпоставки за индивидуата: да не е неамбициозна? Дали е доволно посветена на работата? Дали е навистина добар тимски лидер? Дали е тивка зашто не е заинтересирана за состанокот?
Важно е овие претпоставки и микроагресии да не поминат незабележано зашто може да создадат средина што не е здрава за напредок на жените. Тоа може да доведе и до ситуации во кои менаџерите потенцијално прават претпоставки за напредокот во кариерата на жените или кај жените да создаде чувство дека не може слободно да учествуваат на состаноци. Во Herbalife вршиме обука за инклузија на нашите директори и лица на повисоки позиции за да бидеме сигурни дека без оглед на полот, никој не се чувствува изоставено и сите свесно се трудиме да размислуваме за своите зборови и постапки и за нивното влијание врз други луѓе.
Луѓето што даваат поддршка се навистина важни и тоа може да бидат мажи или жени
Луѓе што даваат поддршка се од клучна важност за поддршка на жените на работното место. За да ја забрзаме акцијата, не може да оставиме жени да зборуваат само со жени. И мажите треба да седнат на маса и да играат важна улога во создавањето соодветно опкружување за просперитет на своите колешки. Без разлика дали станува збор за маж или за жена, една од особините на голем лидер е да биде свесен за своите проценки и внатрешна пристрасност. Треба да правиме напори да се едуцираме штом ќе препознаеме вакви предрасуди и континуирано да ги преиспитуваме своите претпоставки и одлуки за да ги идентификуваме несвесните слепи точки.
Кога на работното место мажите се опкружени со жени на кои може да им веруваат, со кои може да ги разменуваат своите ставови, одлуки или претпоставки, тоа е одличен начин да се спречи формирање пристрасни мислења и да се креира отворено и искрено место за просперитет на луѓето. Во Herbalife имаме менторски пристап на глобално ниво за мажите и жените да ги пренесуваат своите искуства во нашиот бизнис, да гледаат од различни перспективи и да имаат пристап до луѓе со кои не работат секој ден. Сето ова е за лично збогатување и, што е најважно, на сите наши вработени им отвора можност за нови искуства преку развивање мрежа со различни колеги и култури.
Во таа смисла и жените треба да го негуваат женскиот талент и да ја користат можноста проактивно да ги спонзорираат своите колеги. Важно е жените да ги спомнат имињата на колегите што не се присутни – тоа ќе помогне да настане промена.
И за мажите и за жените е клучно да се спротивставуваат на лошо однесување. Ни требаат активни надгледувачи што имаат волја да се осврнат таму каде што ќе забележат родова пристрасност. Ова е особено точно кога станува збор за употреба на родово-чувствителен јазик. За да се случи ова, луѓето треба да се чувствуваат слободно и безбедно да си го кажуваат своето мислење. Во Herbalife направивме многу за да промовираме луѓето да не се плашат да зборуваат и да се однесуваат како што треба. Всушност, сите наши менаџери за човечки ресурси во прво ниво и менаџери на повисоки позиции имаат годишни таргети во поглед на тоа да бидат пример за правилно однесување во своите тимови, а имаме и годишна обука за придржување кон Правилата за да бидеме сигурни дека сите колеги знаат каде да поднесат доверлива пријава ако нешто не е во склад со нашите високи стандарди.
Водиме од врвот
Инклузивната култура, поточно култура што го забрзува напредокот, доаѓа од извонредно лидерство. Не се работи само за едно лице, туку СИТЕ лидери во бизнисот да се однесуваат како што треба без оглед на полот или што било друго! Се работи за развивање работна средина со прогресивни политики што опфаќаат многу повеќе работи од основите регулирани со локалниот закон. Се работи за тоа компанијата да ги разбира и да дава поддршка за личните околности на вработените кога станува збор за справување со работните обврски. Се работи за коректно однесување во секој момент.
На пример, неодамна во Herbalife ја воведовме политиката за менопауза зашто речиси 75% од жените ќе минуваат низ симптоми поврзани со менопауза. Едноставно кажано, сакаме да биде нормално да се зборува за менопауза на работното место и да им даваме поддршка на жените во овој период. Поединечните бизниси не мора да ги воведуваат овие политики, но за сите вработени тоа е јасен сигнал во поглед на културата и средината што компанијата сака да ги негува. Потребно е повеќе компании да ги преземат овие чекори за да се забрза промената, инаку луѓето нема да се чувствуваат оснажено да побараат поголема помош или поддршка.
Бидете лидер со принципи и со срце
На овој Меѓународен ден на жената, кога се залагаме побрзо да ги правиме промените, би сакала да им порачам на сите лидери во секој бизнис – бидете лидер со принципи И со срце. Без оглед на полот, промена во кој било облик се случува само ако луѓето имаат емпатија и сочувство (срцето), но само лидери со храброст и убедување (принципиелност) може напати да донесуваат и тешки одлуки што ја прават таа промена. Тешко е да се постави оваа рамнотежа, меѓутоа лидерите со кои имам работено во својата кариера што ја имаат оваа комбинација бележат најголем напредок. Такви лидери ни се потребни за да ги водат промените со цел да бидеме сигурни дека во 2158 г. нема сѐ уште да зборуваме за ова.