Сигурна во секој чекор со Халк Осигурување

Добивај вести на Viber

Жените секојдневно прават херојски чекори. Тие балансираат меѓу професионалниот и приватниот живот, се грижат за своите најблиски и не запираат да го следат својот пат, без разлика на предизвиците што им се наметнуваат.

Токму затоа, во месецот во кој ги славиме духот, силата и независноста на жените, Халк Осигурување ја креираше кампањата „Сигурна во секој чекор“. Таа претставува еден вид потсетник дека сигурноста не е луксуз, туку основа за здрав живот и стабилно соочување со секојдневните предизвици.

Во рамки на кампањата, во текот на месец март, Халк Осигурување за сите припаднички на женскиот пол подготви пакети со намалување од 15% на полисите за осигурување на домот и за осигурување од тешки болести. Оваа поволност се однесува на сите нови полиси, но и за обновување на постоечките полиси. Дополнително, полисите за осигурување од тешки болести клиентките можат да ги склучат и за членови на нивното семејство.

Целта на Халк Осигурување  месецов е да ја афирмира улогата на жените како столб во заедницата, а истовремено да им пружи поддршка во грижата за нивното здравје и добросостојба. Некои нешта не треба да бидат неизвесни. Безбедноста на домот и здравјето на секоја жена, како и на нејзините најблиски, се неприкосновени приоритети.

Компанијата посветено и одговорно ги придружува своите клиентки во сите предизвици, па токму затоа овој март ја носи пораката „Сигурна во секој чекор“.

Повеќе детали за поволностите, како и условите за полисите за осигурување на домаќинство и за осигурување од тешки болести на Халк Осигурување се достапни на следниот линк.

ПР објава