Ретро шарм и црвена ружа - совршена комбинација за денот на жената

Добивај вести на Viber

Во време кога секојдневието ни поминува во брзање, а вниманието е насочено
кон обврските, често забораваме на она што навистина е важно – чувства,
емпатија и меѓусебна поддршка. Но, за среќа е потребно малку. Понекогаш,
доволен е само еден гест за да измами насмевка и да не потсети дека секој
нов ден е нова шанса за среќа.


Токму со таа мисла, по повод 8-ми март, низ срцето на Скопје еден посебен
олдтајмер – Фичо кабриолет, беше причината за многу насмевки, носејќи
едноставен, но значаен подарок за дамите – црвена ружа, симбол на почит,
внимание и љубов. Цвеќињата беа подарени на случајни минувачи – жени, како
потсетник дека секоја од нив е важна и посебна, на свој начин. -
https://www.instagram.com/share/BAKiGIFt0f


Овој автомобил, Fico d’Epoca кој носи дух на едно минато време, предизвика
носталгија кај повозрасните и восхит кај помладите. Тоа е симбол на ера во
која луѓето живееле побавно, но посуштински – со вистински вредности, со
повеќе внимание еден за друг. Токму затоа, неговото присуство на улиците
низ Дебар Маало беше совршен погодок за денот на жената, затоа што жените
сакаат нешто поразлично и несекојдневно.


Освен што им се разубави денот на дамите кои добија цвеќе, ова необично
фичо измами насмевки и кај останатите минувачи. Неговиот ретро шарм,
безвременска елеганција и класика ги потсети сите дека малите нешта
навистина прават голема разлика.


И најважно од сè, да не заборавиме да ги славиме, почитуваме и цениме
жените – денеска и секој нареден ден.


ПР објава