Осмомартовски базар на ракотворби во Дајмонд мол

Добивај вести на Viber

Дајмонд мол продолжува со поддршка на малите бизнис иницијативи. Од 6 до 9 март,  во Дајмонд мал се одржува „Базарот на ракотворби“, каде што 17 жени претприемачки и занаетчии ги презентираат своите уникатни производи.

Настанот, организиран во чест на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, ја истакнува важноста на женското претприемништво и занаетчиство, обезбедувајќи простор за промоција, продажба и афирмација на нивниот труд. Покрај рачно изработените предмети и уникатни производи, базарот има за цел да ја подигне свеста за значајната улога на занаетчиите во зачувување на традицијата и занаетчиските вештини.

Базарот е отворен за сите посетители, со можност да откријат автентични ракотворби изработени со посветеност и креативност, истовремено поддржувајќи ги жените кои градат сопствен бизнис и ја негуваат занаетчиската традиција.

Дајмонд мол е домаќин на иницијатива посветена на жените претприемачки и занаетчии, кои со својата креативност и посветеност придонесуваат за локалната економија.

пр објава