Македонски Телеком започнува осмомартовска иницијатива за поддршка на жените - жртви на семејно насилство

Добивај вести на Viber

По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, Македонски Телеком започнува иницијатива за поддршка на жените - жртви на семејно насилство. Целта е да се подигне јавната свест за оваа негативна појава којашто секојдневно е во подем и да им се пружи поддршка на овие жени коишто живеат на маргините преку заедничка донаторска акција. Во акцијата ќе учествуваат  корисниците на Телеком, преку донација на срца во Magenta Moments, коишто Телеком ќе ги претвори во финансиска донација, но и сите граѓани со донација на платформата Оп-оп и бројот за донации 143 333. Акцијата симболично започнува на Меѓународниот ден на жената, а донациите ќе бидат активни цел месец.

Семејното насилство, особено врз жените, е сѐ почестапојава. Последните истражувања покажуваат дека 1 од 3 жени во Македонија е жртва на семејно насилство. Преку заедничката донаторска акција, сакаме да ја потенцираме колективната одговорност, да го осудиме насилството и да ги поддржиме жртвите.

Донација на срца преку Magenta Moments

Во оваа хуманитарна акција сите корисници на Телеком можат да донираат срца во Magenta Moments, преку апликацијата TelekomMK. На крајот од месецот, Телеком ќе ги претвори донираните срца во финансиска донација за Кризниот центар „Надеж“, којшто повеќе од 23 години работи на поддршка на жените - жртви на семејно насилство.

Донации на 143 333 и платформата за донирање Оп-оп

Дополнително, сите граѓани ќе можат да донираат за истата цел преку платформата за групно донирање Оп-оп на Конект, граѓанска организација што го поттикнува донирањето и општествената одговорност. Платформата е поддржана од Фондацијата Телеком за Македонија и овозможува сигурно и едноставно донирање за повеќе цели и организации.  Дополнително, граѓаните можат да донираат 100 денари со секој телефонски повик и на бројот 143 333, којшто Конект овој месец ќе го намени за истата донација.

Повеќе за Кризен центар „Надеж“:

Кризен центар Надеж е организација којашто 23 години работи на поддршка на жените - жртви на семејно насилство. Во склоп на организацијата работи шелтер центар лоциран во Скопје и психолошко советувалиште. На жртвите им е овозможена поддршка преку СОС линија, психо-социјална поддршка, помош при процесот на пријавување на насилството и сигурно засолниште за  отпочнување нов живот. 


*ПР објава