ЗЕГИН по втор пат организира хуманитарна трка

Добивај вести на Viber

Компанијата ЗЕГИН минатата година за прв патна територијата на Општина Аеродром ја организираше хуманитарна трка “ЗЕГИН СПЕКТРАТОН – трка на херои во сите бои”, каде речиси 2000 граѓани трчаа во име на хуманоста.

Со собраните средства од котизациите на сите учесници и со дополнителна донација од 50.000 евра од Фондацијата “Д-р Верица Механџиска” се помогна за реконструкција на првиот регионален социјален клуб за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.

Трката “ЗЕГИН СПЕКТРАТОН” беше препознаена како една од најдобрите социјално-одговорни практики за 2024 година.

ЗЕГИН како една од најголемите општествено одговорни компании одлучи и во 2025та годинаво фокус да ги стави лицата со аутизам и да ја продолжи мисијата за помош на оваа категорија на граѓани.  

Оваа година повторно трчаме километри полни љубов и хуманост со трки од 10км, 5км, штафетна трка, како и детски трки од 150, 300 и 500м.

Датумот на трката е закажан за 23 Март со почеток во 09.00 часот, а стартот на трката е пред паркот Јане Сандански во Општина Аеродром.

За сите учесници следуваат одлични стартни пакети, а за најдобрите во сите категории предвидени се и награди.

Не ја пропуштајте можноста да трчате, да се поврзете со истомисленици и заедно да оствариме уште една голема хумана мисија!

Резервирајте го вашето место на следниов  линк

https://trka.zegin.com.mk/mk/events/zegin-spectrathon-2025/register

Пријавувањето е отворено до 16 март

За сите детали околу овој голен хуманитарен настан можете повеќе да се информирате на социјалните мрежи

Facebook https://www.facebook.com/zegintrka

Instagram https://www.instagram.com/trka_zegin/

Се гледаме на стартната линија!

ПР објава