Soundbar – звучниците на Samsung на врвот на глобалната продажба 11-та година по ред

Добивај вести на Viber

Со AI-заснован квалитет на звукот и беспрекорна интеграција со телевизорите, soundbar – звучниците на Samsung продолжуваат да го поставуваат стандардот за домашна забава

Samsung Electronics, глобалниот лидер во ТВ-иновациите 19 години по ред, денес објави дека и понатаму ја држи својата водечка позиција како најпродаван бренд на soundbar-звучници во светот веќе 11-та година по ред. Според компанијата за истражување на пазарот FutureSource Consulting, Samsung во 2024 година постигна глобален пазарен удел од 20,1% во приходи и 18,4% во продажба, дополнително зацврстувајќи го своето лидерство во врвната аудио индустрија од 2014 година наваму.

Континуираниот успех на Samsung на пазарот се должи на имересивното звучно искуство што го нудат неговите soundbar-звучници и нивната совршена интеграција со телевизорите на Samsung. Посебно добро прифатен е водечкиот HW-Q990D, лансиран во 2024 година, кој користи Q-Symphony технологија за поголема синергија помеѓу soundbar-звучниците и ТВ-уредите на Samsung, како и AI-заснована аудио оптимизација за уникатно домашно забавно искуство.

Оваа посветеност кон иновациите му донесе на Samsung широки признанија од индустриските експерти и глобалните технолошки медиуми. Newsweek го награди HW-Q990D со престижната награда Editors’ Choice, опишувајќи го како „најдобриот Dolby Atmos soundbar-звучник што можете да го купите во 2024 година“. Дополнително, HW-S800D, елегантниот лајфстајл soundbar-звучник на Samsung беше прогласен за Editors’ Choice од Techlicious, кој го опиша како „совршен избор за секој што сака да го подобри звукот на ТВ-уредот без да жртвува стил или простор“.

Врз основа на овој моментум, Samsung продолжува да ги поместува границите на домашната аудио технологија. Линијата на soundbar-звучници за 2025 година воведува AI-засилен surround звук, подобрена поврзаност и рафинирана аудио обработка, уште еднаш потврдувајќи ја посветеноста на компанијата за обезбедување врвни аудио искуства за потрошувачите ширум светот.

„Горди сме што сме признаени како глобален лидер во индустријата на soundbar-звучници веќе 11-та година по ред. Ова признание е доказ за нашата посветеност кон обезбедување на врвни аудио искуства,“ изјави Хун Ли (Hun Lee), извршен потпретседател на Visual Display Business во Samsung Electronics. „Ќе продолжиме да ги унапредуваме иновациите, подобрувајќи го и квалитетот на звукот и корисничкото искуство, со цел да создадеме уште поинтуитивно и имересивно домашно забавно искуство.“

###

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

ПР објава