Херојот д-р Роберт: Ги прави среќни децата по операциите, цртајќи им анимирани ликови на завојот

Поминувањето време во болница може да биде навистина трауматично и непријатно искуство, особено за децата.
Затоа д-р Роберт Пeри од детската болница Акрон во Охајо секогаш гарантира дека лузната не е единствената трајна меморија што останува на детето по операцијата. Обидувајќи се да го одвлече вниманието на децата за време на закрепнувањето, тој лично црта уникатни цртани ликови на нивните завои. 

Хирург во бои - го нарекуваат неговите колеги.
И, се разбира, има голема приказна зад овој прекар. За да откриете како го добил, можете едноставно да погледнете во неговата канцеларија каде секогаш можете да најдете неколку кутии со боици, пенкала во боја, кои ги користи по секоја операција.

Д-р Роберт работи во болницата од 2011 година и веќе извршил повеќе од 10.000 операции. Но, неговата желба да лекува деца нема да избледи. Како и секој друг посветен лекар, тој е секогаш подготвен да им помогне на најмалите пациенти. Но, она што го прави да се истакнува меѓу другите медицински професионалци е дека тој исто така се грижи за процесот на нивно закрепнување. Знаејќи дека децата се многу чувствителни и дека може да се грижат премногу за лузните што можат да ги добијат по операцијата, лекарот се погрижува секој од нив да се разбуди со посебно изненадување - рачно обоен завој со нивните омилени цртани ликови.

Пред секоја операција, д-р Пери ги прашува своите мали пациенти за нивните омилени работи и цртани и ја избира најдобрата идеја за нивниот иден цртеж. Потоа, веднаш по операцијата, лекарот оди на своето биро и прави уникатна илустрација додека пациентот да се разбуди. Целиот процес трае околу 5 минути.

Д-р Пери вели дека ја добил идејата од друг хирург, кој ги пресекувал педијатриските завои во различни форми. Но, д-р Роберт решил наместо да отсекува форми на ајкули, sвезди или срца, да црта директно на завоите.

Од популарните ликови на Дизни до логоата на спортски тимови, од Бетмен до Мики Маус... се чини дека овој хирург може да нацрта апсолутно се'.
Понекогаш децата се возбудуваат од цртежите што всушност забораваат на лузните скриени зад нив. И дури и медицинските сестри во болницата веднаш ги прашуваат: „Што добивте?“

За самиот доктор Пари, цртањето врз завои е секогаш забавно. Тој вели: „Реакцијата е навистина прекрасна. Детето е расеано и возбудено кога гледа во завојот, родителите и медицинскиот персонал се среќни “. Сите овие насмевки на нивните лица го прават да се чувствува добро. И тоа значи само едно - неговата работа ја прави правилно.

извор:dama.bg