И години да поминат утеха нема: Адријана Кеш проговори за смртта на брат ѝ

Добивај вести на Viber

Бескрајна тага и солзи непресушни, така ми минуваат деновите. Сѐ уште не сакам да се помирам со фактот дека го нема. И години да поминат утеха нема, раскажува фолк-пејачката Адријана Ацевска, популарна како Адријана Кеш, за смртта на нејзиниот брат Петар, во емотивно интервју за порталот „7Дена“.

- Пред десет години ја изгубив мајка ми, исто така почина од рак. Тешко ја прифатив и нејзината смрт и сѐ уште ми недостасува. А сега и ова се случи. На тагата и нема крај - вели пејачката за „7Дена“.