И јас и докторот мисливме дека исплазениот јазик на ултразвук е преслатка глетка: Кога се породив следуваше пеколна дијагноза

Добивај вести на Viber

Кога Фара Рот од Оклахома беше бремена во 27-та недела, и таа и лекарите мислеа дека нејзиното неродено машко бебе е едноставно слатко кога го видоа „неговиот исплазен јазик“ на снимките од ултразвук. Но, набрзо се покажа дека зад тоа се крие прилично лоша дијагноза.

Фара е породена осум недели порано, со итен царски рез, а првото нешто што докторот го направил е коментар за невообичаено големиот јазик на ова малечко - тој бил двојно поголем од нормалната големина.

Набрзо се испоставило дека момчето, кое го добило името Бејкер, е родено со Беквит-Видеман синдром (BVS), ретко нарушување на прекумерен раст што може да ги зафати сите делови од телото.

„Отсекогаш мислев дека е слатко што го извади јазикот на тие ултразвци. Во реалноста, тоа беше макроглосија предизвикана од BVS. Малкумина лекари се запознаени со овој синдром, па дури и тие мислеа дека е преслатко, а и јас на социјалните мрежи раскажав колку е тоа симпатично“, вели г-ѓа Рот, чие четврто дете е Бејкер.

Маките не завршиле тука, бебето имало проблеми и со цревата и бубрезите, а на црниот дроб бил пронајден и канцероген тумор. За среќа, по три операции и пет месеци хемотерапија, Бејкер отиде во ремисија.

Но, проблемот со неговиот голем јазик, состојба позната и како макроглосија, продолжи да го мачи момчето - му ги попречи дишните патишта и исто така му предизвика проблеми да научи да зборува.

Родителите на Бејкер, Фара и Шон, решиле нивниот син да оди на операција за намалување на јазикот кога имал 18 месеци, што целосно му го променило животот на подобро. Причината не беше само естетска, туку и функционална.

„Конечно успеавме да го изнесеме надвор, пред операцијата тој никогаш не беше во продавница или на друго место освен во лекар и болница. Бевме премногу исплашени дека ќе се разболи, а по операцијата можевме да го однесеме во парк и да се дружи со моите внуци ... Промените беа веднаш видливи, пред сѐ Бејкер се смееше многу повеќе од порано“, изјави Фара пред неколку години.

Денес Бејкер има шест години и живее сосема нормален живот, а изгледа како секое друго дете.

Извор: zena.blic.rs

Фото: Farrah Roth / Facebook