Идеален за свечена прилика во декември: Модниот избор на Амал Клуни е чиста десетка (ФОТО)
Никој не умее да избере фустан како Амал Клуни, нели? Ако приликата ве повикува да изгледате стилски и да оставите посебен впечаток, нејзиното последно модно издание сигурно ќе ве инспирира.
Холивудскиот актер Џорџ Клуни зад себе има завидна режисерска кариера, а најновиот филм му е „Момци во брод“, чија официјална проекција се одржа пред неколку дена во Лос Анџелес.
Тој на премиерата пристигна во придружба на сопругата Амал Клуни, истакната адвокатка специјализирана за човекови права, а таа повторно го „украде шоуто“ и беше ѕвезда на вечерта благодарение на стилот кој го одзема здивот.
Откако неодамна Амал воодушеви со златен фустан на Модните награди во Лондон, овој пат избра црвено и покажа зошто не и’ е рамен никој кога е во прашање елеганцијата на црвениот тепих.Сопругата на Џорџ Клуни изгледаше заносно во тоалета на модната куќа 16Arlington, која е дел од колекцијата за пролет и лето 2024 година. Амал сака блескави креации, а токму тоа е овој миди фустан со затворена јака и без ракави, кој ја следи линијата на телото и ненаметливо ги истакнува облините.
Нејзиниот избор беше креација која изгледа како да е покриена со преголеми размери и има сребрени детали, а Амал мудро ја спои со сребрени металик мокасини и златна clutch чанта.
ФОТО: Инстаграм