Им дава алкохол на децата: Дадилката на Анџелина Џоли ја обвини актерката
Анџелина Џоли е лоша мајка која ги запоставува своите деца, изјави поранешната дадилка на актерката за магазинот „ОК“.
Дадилката која се грижеше за шесте деца на Џоли и на Бред Пит вели дека холивудската актерка е „рецепт за пропаст“.
„Посветена е на кариерата и на своите проблеми, и само за децата нема време. Таа не може да ги воспита децата, во нејзиниот дом е сѐ надвор од контрола. Ред во таа куќа имаше додека во неа живееше Бред Пит. Џоли е рецепт за пропаст“, изјавила дадилката.
„Загрижена сум за нив, најмногу поради една причина, се плашам за нив. Таа многу сака да пие алкохол, а најстрашно е што тоа им го дозволува на децата“, открила дадилката.
Анџелина и Бред се запознаа на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во 2004 година. Врската ја обелоденија во 2005 година. Во законски брак беа само две години, од август 2014 година, до септември 2016.