Има 102 години и не сака да се пензионира: „Никогаш не размислувам за своите години, можеби во тоа е тајната“

Добивај вести на Viber

Може да се каже дека оваа жива баба е доказ дека трудот и ентузијазмот се рецептот за долговечност. Секако треба да ги слушате нејзините мудри совети.

Модната икона и дизајнерка на ентериер Ајрис Апфел има 102 години, но нема да се пензионира. Оваа њујорчанка лансираше нова колекција на брошеви, ѓердани и обетки во август. Таа негува препознатлив моден стил, носи облека во светли бои, со многу крупен накит, а позната е и по своите очила кои привлекуваат очи. Таа има околу три милиони следбеници на Инстаграм!

View this post on Instagram

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)



Може да се каже дека оваа жива баба е доказ дека трудот и ентузијазмот се рецептот за долговечност. Во една прилика изјавила дека работата ја одржала во живот. Ајрис и нејзиниот сопруг Карл, поседувале текстилна фабрика и произведувале ткаенини од кои дури и американските претседатели правеле одела. Тие беа еден од најмоќните парови во Њујорк во тоа време.

Работела и како дизајнер на ентериер и ја украсувала Белата куќа за време на претседателствувањата на Труман, Ајзенхауер, Кенеди, Џонсон, Никсон, Форд, Картер, Реган и Клинтон. Поради нејзиниот оригинален стил, Ајрис секогаш беше во центарот на вниманието, а по неа е направена и куклата Барби. Соработувала со многу познати модни куќи како „Диор“, „Шанел“, „Гучи“, но не смета дека парите се синоним за стил. „Никогаш не би платила 700 долари за чанта, не затоа што немам толку пари, туку затоа што мислам дека чантите не треба да чинат толку“, вели Ајрис.



Специфичната комбинација на интелигенција, успех и животно искуство ја прави дама чија мудрост треба да се слуша, а некои од нив се:

* „Колку сте постари, толку е поголема веројатноста дека секое утро нешто ново ќе почне да ве боли“. Но, сепак е потребно да станете и да се движите, без разлика колку е болно. Не сакам да се претворам во стар мрморец, повеќе ја сакам титулата најстар тинејџер на светот, која сама ја смислив“.

View this post on Instagram

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)



* „Треба да се обидеш. Имаш само еден живот“.

* „Никогаш не размислувам за мојата возраст“. Можеби тоа е тајната“.

* „ЌНема да успеете само ако не се обидете“. Никогаш не мислев дека не можам да направам нешто затоа што сум жена“.

* „Не купувам работи за кои некој вели дека се „ин“ или „мора да ги има“. Го купувам само она што ме прави среќен“.

* „Коко Шанел еднаш рече дека пред да излезете од дома, мора да соблечете еден детаљ. Секогаш велам додај уште некој додаток!“

* „Боите издигнуваат од мртвите“.

* „Ако сакате да останете млади, треба да размислувате како млад човек“. Имајќи чувство за чудење, смисла за хумор и љубопитност, тоа е мојот извор на живот“.

* „Поважно е да си среќен отколку да си добро облечен“.

* „Никогаш не размислувам за моите години, мислам дека тоа е клучот“. Работата ми е многу корисна, душата ми е во неа, мислам дека одамна ќе умрев ако не работев. Навистина верувам дека тоа е моторот на животот“.


Mодната икона која за себе вели дека е геријатриска старлета го прослави 102-от роденден: Нејзината тајна за долговечност треба сите да ја следат


ФОТО: Инстаграм принтскрин