Има една девојка Каја, која ми го украде срцето и ме вика тато: Ќерката на Пере Нокаут наполни 16 години (ФОТО)
Средната ќерка на Пере денес слави роденден...
Фронтменот на групата „Нокаут“, Никола Перевски - Пере е горд татко на трите ќерки Миа, Каја и Софиа.
Дека Пере е внимателен татко и дека на своите три ќерки им дава еднаква љубов говорат и фотографиите кои тој ги споделува на социјалните мрежи. Па, така овојпат Пере во центарот на вниманието ја стави средната ќерка - Каја, која токму на вториот ден од Велигден слави родеден.
Каја денес полни 16 години, а гордиот татко ѝ ги посвети најемотивните зборови, кои ги напиша покрај фотографијата на која позираат тие двајца.
„Има една девојка Каја, која ми го украде срцето и ме вика тато. Да си жива, здрава и среќна. Среќни слатки 16“ - напиша Пере.
Со јавна честитка се огласи и Александра Спировска, мајката на Каја, која сподели неколку фотографии од својата ќерка, но со малку подолг опис:
„Среќен роденден на мојата мала девојка. Среќен роденден Каја. Израсна во самовила најубава... Секогаш своја, бистра и скромна, мила и нежна... со душа планина, со очи ѕвезди! Те сакам до бесконечноста и назад, во добро и зло, во радост и тага, секогаш покрај тебе! Биди своја секој ден, најди радост и убавина во секоја ситница, на лошите луѓе не им замерувај, тоа за нив зборува. Остани со чисто срце ќерче, животот нема реприза“.
фото: Принтскрин / Инстаграм