Имаше комплициран абортус во четвртиот месец, а сега е бремена на 43
На 43 години, холивудската актерка Мила Јовович повторно ќе стане мајка. Убавата вест ја сподели со фановите на социјалните мрежи.
- Дознав дека сум бремена во 13-та недела и не ми беше сеедно. Поради годините кои ги имам и поради тоа што едно бебе изгубив, ми требаше време да ја прифатам оваа „улога“. Последните месеци ги поминав со лекарите и со семејството и конечно се' е во ред. Чекаме девојче, посакајте ми среќа - напиша Мила на „Инстаграм“.
Ѕвездата од „Петтиот елемент“ пред две години имаше спонтан абортус кој многу тешко го поднесе. Додека снимаше филм, беше принудена на итен абортус во четвртиот месец од бременоста. Драматичната исповед таа ја сподели на „Инстаграм“ испровоцирана од новиот закон во Џорџија кој го забранува абортусот по шесттата недела.
- Не сакам да се мешам во политиката и тоа го правам само ако навистина морам, а овој е еден од тие моменти. Нашето право како жени да добиеме сигурни абортуси од страна на искусни лекари е доведено во прашање - нагласува Јовович која веќе има две ќерки.