Оној кој верува во алтернативна медицина-тој знае дека е на вистинскиот пат: Искрено со Вера Јанковиќ

Добивај вести на Viber

Енергијата која ја носи и позитивниот став се нешта по кои ја препознаваме Вера Јанковиќ, легендарната водителка, музички новинар и диџеј. Вера изминатиов период почувствувала промени кај гастроинтестиналниот тракт, блага гликемија и холестерол, но и промените со тироидата по стресниот период со пандемијата ја натерале да започне сериозно да се грижи за своето здравје. Вера сега како да ја живее својата втора младост и вели дека никогаш не се чувствувала подобро. 

- Размислувам длабоко, како би ја започнала најавата за мојата соработка со центарот за биоинформатика- „Ревит“, моментот кој започна пред две години и кусур месеци. Пандемијата беше потстрек, иницијатор на голем број здравствени состојби кои секако требаше да се санираат, оние за кои и современата медицина не дава баш совршени резултати, дури и нема перспектива за  изнаоѓање  начин на дијагностицирање и третман на голем број  заболувања. Едноставно  давам шанса секому, овие за кои сега дискутираме, ми дадоа нова одредница, воља и енергија да се соочам и пребродам сè „сето она што ми го наруши кивалитетот на живеење, и функционирањето комплетно. Да се договориме,оној кој инвестира во осопственото здравје, оној  кој верува во успесите на комплементарната алтернативна медицина-тој знае дека е на вистинскиот пат“, ни раскажа Вера.

Таа верува дека не се лекуваат последиците, се лекуваат трајно причините на сите заболувања. За неа, тоа е тој, биолошки, активен софтверски програм со кој се пренесува информација на клетките, корекција во нивното функционирање, дисбаланс, регенерација, по пат на тој клеточен механизам на комуникација и добивање инструкција за беспрекорно функционирање.

- Тоа се микропроцесори, носачи на информации кои се ставаат на кожа, или пак преку медиум на маслиново масло кое орално се употребува, зависно од персонализираната терпија која се спроведува по беспрекорниот скен на сите органи и функции во човековиот организам. Буквално знаат сè за вас, јас ги нарекувам магионичари, вонземјани, чудо од доктори, таа и тој-др.Татјана Илиевска и др. Кристијан Давидовски. Станува збор за современи процедури во дијагностика и терапија, без употреба нормално на хемиски супстанции, лиценцирани од министерството за здравство, во тек со најновите достигнувања во рамките на алтернативната медицина, медицината на иднината!“, додава Јанковиќ.

Вера раскажува дека оваа терапија е неверојатна во третман на алергии, автоимуни заболувања, дегенеративни проблеми со коскениот систем, метаболички пореметувања, дисфункција на органи, канцер, невролошки пореметувања, постковид  сензации, анксиозност, панични напади, депресии.

- Секако мислам на анти ковид терапија која подразбира сериозно зајакнување на имунолошкиот систем. Покрај сето тоа ми ја провлекоа и програмата за подмладување и регенерација, се чувствувам како нова, се гледаат резултатите и однадвор и одвнатре, мојата мајка заборави на болките во зглобовите, оној артритис кој ѝ одзема добар дел од животот за нормално функционирање. Работат на зајакнување на срцевиот мускул и функција, му даваат на мозокот информација дека животот е еден и непроценлив, се чувствуваме сигурни и здрави, за „још година, ма не зна им се број“, вели Вера во свој стил.

За крај таа порачува дека секој човек треба да е упорен, карактерен, предаден и доследен во рацете на оние кои еве, во случајов се покажаа како за неа најдобри! „Ви ги препорачувам со душа, благодарна до бесвест. Фала ви“, вели Вера Јанковиќ.

Во периодот кога кафе-баровите и клубовите не работеа, не работеше ниту таа и беше доведена во прашање егзистенцијата на многу музичари и диџеи, Вера вели дека успеала да издржи сама. 

- Немав анксиозност, напротив, сама издржав сè! Бев покриена со терапија. Нормално, јас сум исклyчително агилна, дисциплинирана, сето тоа во комбинација со физичка активност (пешачење по 10 километри) режим на исхрана, редовна терапија и со некои медикаменти! Сето тоа си прави исправна слика“.

Сега, таа се чувствува спокојна и сигурна кога ќе ја земе нивната терапија, и за неа, тоа е таа моќ, раат во телото и умот.

Милица Џаровска 

Фото: Приватна архива