Инспектори на терен, ќе има ли санкции во гевгелиската градинка?

Добивај вести на Viber

По објавувањето на вознемирувачко видео на социјалните мрежи од градинката „Детска радост“ во Гевгелија кое веднаш стана вирално, реагираше и Министерството за труд и социјална политика.

- Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките - се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството информираат дека во најбрз рок ќе ја известат јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај.