Интервју Митрова: Уникатниот ентериер, централната локација и беспрекорната услуга го прави Скопје Мериот најдобар избор
Инвентивноста, искуството и ексклузивноста кои што ги очекува денешниот гостин, се само дел од предностите на Скопје Мериот. Покрај сместување во гостински соби кои се со современ и модерен ентериер и технолошки опремени, што е и главната дејност на хотелот, Скопје Мериот на клиентите им нуди и многу останати услуги вклучувајќи сали за состаноци, конференциски услуги и пакети, организирање свадбени прослави и церемонии, корпоративни забави и друго, вели во интервју за Фактор Александра Митрова, директор на продажба во Скопје Мериот хотел.
Фактор: Скопје Мериот стана многу повеќе од хотел во однос на класичниот опис на функцијата и дефиницијата и она што тој навистина претпоставува. Што точно тоа значи и од каде произлегува оваа разлика?
АМ: Да се биде дел од мрежата на најголемиот хотелски бренд која што во своето портфолио во моментот има над 7000 хотели и распространетост во повеќе од 130 држави што и постојано расте, носи многу предности во однос на инвентивноста и професионалноста во работењето, меѓутоа дефинитивно носи и промена на класичниот опис на функцијата и она што хотелот претставува.
Целото интервју прочитајте го на ФАКТОР.МК