Инвалид сум 15 години, само чекам да умрам: Потресна исповед на актерката Ева Рас
Ева Марија Балаш Стевиќ, попозната како Ева Рас, е српска тетарска, филмска и телевизиска актерка, сликарка и писателка. Родена е на 1 јануари 1941 година во Суботица, а од свои 18 години живее во Белград. Таа во својот живот доживува многу тешки моменти, од кои дел реши да сподели јавно.
Имено најголема болка доживеа кога ги изгуби 50-годишниот сопруг и 24- годишната ќерка, меѓутоа продолжи да се бори, завиена во црно.
- Ја немам никој, ја имам само професијата, но бидејќи е јавна, испаѓа дека имам амбиција. Но не, јас и сега едвај чекам да умрам, но и тоа кога ќе дојде, не можам да си исечам вени. Јас живеам затоа што тоа е Божја волја. Нас од детството не воспитуваа да се грижиме за себе. Благодарна сум на сите таги и радости во мојот живот- вели познатата актерка.
Ева Рас во младостаТаа раскажа и за тешката болест со која се бори и ден денес, и дека ѝ е криво кога и велат дека го победила канцерот. Тешкиот животен пат по кој оди, Ева го коментира како распаѓање на системот и сите негови функции.
- Ме лечат од рак 15 години, јас молам да се дознае што се искусив. Испаѓа дека го победив ракот, дека тоа не е некаква опасна болест, а јас сум инвалид 15 години, како и секој кој се бори против ракот. Имаат два вида пациенти, оние кои умираат од тоа и оние кои живееме со тоа. Тоа не значи дека сме победиле. Како да е мед и млеко што јас заболев од канцер, а јас знам колку сум излечена и растурена- се зборовите на Ева Рас.