Исфрлете ја оваа облека од плакарот пред крајот на годината: Фенг шуи правила за спас од нешта кои ви ја црпат енергијата

Добивај вести на Viber

Според фенг шуи, оваа облека треба да ја исфрлите од вашиот плакар за да би биле посреќни и попозитивни.

Ако вашиот дом е преполн со работи и ви снемува простор, време е да се реорганизирате. Според фенг шуи постојат одредени работи кои ви создаваат емоционални оптоварувања и негативна енергија. Според фенг шуи, оваа гардероба не треба да ја чувате во вашиот дом за да бидете посреќни.

Стари пижами

Сигурно повеќе нема да ги користите старите пижами или ноќница бидејќи ќе ги замените со нова, а ќе ви заземе место во плакарот. Најдобро е да го донирате на некој кому му е потребен или во краен случај да го фрлите тоа парче облека, пишува на веб-страницата atma.hr.

Облека на бившиот партнер

Секогаш кога ќе погледнете некое парче облека или накит што ви го подарил бившиот, ќе се чувствувате непријатно и старите спомени постојано ќе ви се враќаат, што ќе го отежне движењето напред.

Бели маици кои пожолтеле

Ако вашата бела гардероба е извалкана или пожолтена и не можете да ја отстраните дамката, најдобро е да ја фрлите. Така, ќе ослободите простор во плакарот за нови, чисти работи.

Гардероба која не ви се допаѓа или која не ви стои

Исфрлете ја облеката што ја чувате со години, а која не ви стои и која е непријатна и заменете ја со гардероба во која се чувствувате удобно и која ви стои.

Искинати парчиња облека

Ако имате искинати чорапи, ракавици или обетки, најдобро е да ги ставите настрана бидејќи зафаќаат простор, а вие не ги користите.