Исплива валкана тајна: Кралицата стравува дека монархијата нема да го преживее овој скандал

Добивај вести на Viber

Кралицата е бесна, ги пренесува Globe зборовите на висок функционер во британската палата. Тој тврди дека Елизабета II се заканила дека ќе го исфрли принцот Ендру од кралското семејство. „Нејзиното височество стравува дека монархијата нема да го преживее овој скандал“, додава тој.

Станува збор за инцидент во чиј центар е финансискиот експерт Џефри Епстајн кој се наоѓа во притвор под обвинение дека тргувал со малолетници и ги присилувал на односи, при што наводна една од жртвите наводо ја „позајмил“ синот на кралицата Елизабета, стои во документите. За сексуален однос со малолетици во САД му се заканува казна до 5 години затвор.

Името на личноста, која принцот Ендру сексуално ја злоупотребувал е Вирџинија Џурфи. Таа денес има 35 години, а кога Епстајн ја нападнал додека делела пешкири во голф - клубот на Доналд Трапм, Mar-a-Lago, имала само 15 години.

Вирџинија изјавила дека Епстајн ја присилил да биде со принцот Ендру во Лондон во 2001 година, во приватната куќа на Епстајн во Њујорк истата година и на неговиот приватен карипски остров во 2002 година. Два пати кога имала 17 години и еднаш кога била полнолетна. Нејзиниот адвокат тврди дека има докази, кои потврдуваат дека Ендри и Вирџинија два пати патувале со авион на иста локација.

Бакингемската палата згрозено ги одбила обвинувањата. „Војводата од Јорк никогаш немал сексуален однос со Вирџинија Џуфри“, стои во изјавата.

Принцот со тогаш едвај полнолетната Вирџинија

Џуфри во 2015 година го тужела Епстајн, барајќи оштета, но документацијата била запечатена поради важноста на учесниците. Меѓутоа, Апелациониот суд одлучил да ги отпечати тие 2.000 страници. Сведоците ќе бидат сослушани, а американските правосудни органи веќе имаат започнато внатрешна истрага за тоа дали органите на власта, односно обвинетите нешто пробале да сокријат.

Федералното истражно биро сериозно ја разгледува можноста за сослушување на војводата од Јорк, потврди полициски извор за „Bild am zontag“, но адвокатот на Вирџинија, Дејвид Бојз, се сомнева во врска со ова.

„Доколку истражителите го повикаат, тој сосема сигурно нема да одговори на повикот, а тие не може да одат во Велика Британија за да го доведат“ , рече тој.

Џуфри не била единствена „сексуална робинка“ која го обвинила Епстајн. Новинарската агенција „Blumberg“ минатата недела известила дека на 20 -тина жени им се исплатени најмалку еден милион долари, за да не дојдат на судењето и да ги откријат другите валкани детали.

„Скоро секојдневно не повикуваат жртви кои не се осмелуваат да излезат во јавност“ , вели американскиот обвинител Алекс Росмилер.