Исповед на медицинска сестра: Ни најискусните не знаат што да прават, напишав тестамент и го оставив на момчето

Добивај вести на Viber

Медицинската сестра Кејт О’Флаерти од Даблин, Ирска, секојдневно се грижи за заразените пациенти од коронавирус. Дваесет и еднагодишната медицинска сестра рече дека дури и најискусниот медицински персонал не знае што да прави затоа што наидуваат на нешто ново.


„Ако ви е тешко да се ставите во позиција на медицински професионалец, ќе се обидам да ви создадам слика -напишав тестамент пред неколку дена“, рече Кејт, пренесува Mirror.
Кејт му кажала на своето момче каде го оставила тестаментот во случај нешто да и се случи.
Таа истакна дека е лудо, медицинските професионалци да го жртвуваат својот живот за поголемо добро, работејќи за минимална плата.

„Во ова време минатата година, медицинските сестри излегоа на штрајк-неуспешно. Сега нè сметаат за херои оваа година. Не сакаме да нè нарекувате херои, не сакаме да ни аплаудирате на влезовите на вашите домови. Сакаме да се борите со нас медицинските сестри, болничарите, негователите и сите останати во здравството, да обезбедиме лекување за сите, но и да ги добиеме платите што ги заслужуваме. Треба да се поврземе, сите да се бориме за медицинската сестра во нашите животи “, рече Кејт, која е во првите редови во борбата со коронавирусот.

Медицинската сестра доби голема поддршка на социјалните мрежи: "О, Кејт, Боже, тешко е да се прочита. Јас дури и не можам да замислам да минувам низ ова. Се надевам дека си добро", "Се молиме за тебе."

Лицата со хронични и срцеви заболувања на удар на коронавирусот: Препораките и терапијата најважни