Исповед на Новак Ѓоковиќ: Сѐ уште сум ранлив и не се срамам од тоа

Добивај вести на Viber

Новак Ѓоковиќ на социјалната мрежа Инстаграм со емотивни зборови опиша како изгледала неговата борба за трофејот на Вимблдон.  

Српскиот тенисер напиша „три тома" , објаснувајќи за првиот меч на кој беше присутен и неговиот син Стефан, за своите најблиски, за тешката повреда и за освојувањето на неговата 13-та гренд-слем титула. Тој исто така им се заблагодари на сите кои се дел од неговото патешествие. 

Ова е дел од искрената исповед на славниот тенисер...

„Поради повреда на лактот во 2017-та година, морав да го напуштам теренот шест месеци, тоа беше едно прашање, а друго беше моја мотивација. Немав проблем со тренирање, уживав во тенисот, но имав ментален проблем да се натпреварувам.

Еден ден ќе напишам повеќе детали за предизвиците со кои се соочив и како се чувствував.

Отсекогаш сум им се восхитувал на луѓето што ги делеа нивните најранливи моменти како клучни во изнаоѓањето сила. Неколку пати сум бил ранлив. Јас сум сѐ уште ранлив. Не се срамам од тоа. Напротив. Тоа ми дозволува да им се доближам на луѓето. Тоа ми овозможува да „копам подлабоко" и да го анализирам она што всушност се случува во мене. Кога го сфатив ова, можев да направам стратегија за решавање на проблемот и да продолжам како посилно, помудро и посреќно човечко суштество ".