Историски „Супербоул“ спектакл: Најголемите хип-хоп легенди и R&B кралицата приредија шоу за паметење и побудија носталгија

фото:Profimedia

Др. Дре, Снуп Дог, Кендрик Ламар, Мери Џеј Блајџ, Еминем и 50 Сент настапија на полувремето на овогодинешниот „Супербоул“  и направија историско шоу за паметење.

Полувремето на еден од најгледаните спортски настани во Америка, Супербоул, оваа година беше резервирано за најстариот тим на изведувачи досега, кои заедно имаат 286 години, пишува Дејли Мејл.

Шоуто го отвори легендарниот рапер и продуцент Др. Дре (56), кому прво на сцената му се придружија Снуп Дог (50) и Кендрик Ламар (34), а потоа Мери Џеј Блиџ (51), Еминем (49) и 50 Сент (46).

Др. Дре инаку е одговорен за успешните кариери на Снуп, Еминем, 50 Сент и Ламар, а тој го продуцираше и еден од најголемите хитови на Мери Џеј Блиџ, песната „Family Affair“.

Сите шест изведувачи заедно тежат 983 милиони долари.

Хип хоп легендите за 14 минути изведоа некои од најпознатите хитови кои ги одбележаа изминатите 30 години, а социјалните мрежи го прогласија шоуто за „најдобро во историјата


Kога 50 Cent се појави на сцената, потсетувајќи на сцената од спотот „In the Club“, публиката полуде, а шоуто го „украде“ Еминем во одлично финале со изведбата на хитот „Lose Yourself“. Ова беше, без сомнение, еден од настапите за паметење. Покрај тоа, 

потегот на раперот од Детроит предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Тој одлучи да клекне, што беше протолкувано како знак на поддршка за Колин Каперник, поранешен играч на НФЛ, кој го стори истото за време на интонирањето на химната во 2016 година, во знак на протест против полициската бруталност и расизмот во САД.


Патем, до почетокот на 1990-тите, оркестрите на локалните универзитети или средни училишта настапуваа на полувремето на Суперболот, а пресвртот дојде во 1993 година, кога настапи Мајкл Џексон. Џексон пееше микс од неговите најголеми хитови опкружен со 3.500 момчиња и девојчиња.

После тоа, на сцената на Супербоул настапија многу светски ѕвезди од музичката индустрија, како Ролинг Стоунс, Брус Спрингстин, Мадона, Ред Хот Чили Пеперс, Бритни Спирс, Лејди Гага, Кети Пери, Пол Макартни, Колдплеј, Бијонсе и многу други.


извор:dnevnik.hr / stil.kurir