Изврши 3000 абортуси и донесе на свет исто толку бебиња: Приказна за Еврејката - „ангел на Аушвиц“

Приказна за гинеколог од пеколот, тој „ангел на смртта“, таа вршела абортуси за да им го спаси животот на бремените жени

Меѓу лекарите кои спроведувале тестовите врз луѓето беше и Јозеф Менгеле, познат на затворениците во Аушвиц како „ангел на смртта“. До него работеше рамо до рамо, друг „ангел“, Перл, еврејска лекарка, тајно спасувајќи ги животите на бремените жени од Аушвиц.

Перл беше Еврејка од Унгарија, гинеколог по професија, која во логорот ги загуби сопругот, синот, родителите и членовите на семејството, само нејзината ќерка преживеа, но тоа го откри дури по војната.

По пристигнувањето во Аушвиц, таа била одделена од семејството и добила задача да работи како камп лекар и асистент во клиниката на д-р Менгеле. До крајот на војната, таа не знаела што се случува со членовите на нејзиното семејство.

Таа ја вршела работата без основна опрема, завои, антисептици и вода. Менгеле користел луѓе од кампот за да спроведува брутални експерименти врз нив. Иако на Перл и бил ветено дека нема да заврши во гасната комора, таа морала да биде асистентка на психопатичен лекар.

Изманипулираната Перл

Првично, нејзината задача била да ги убеди затворениците да донираат крв за германската армија. Меѓутоа, кога Менгеле сфатил дека Перл е искусен гинеколог, тој помислил дека е добра можност да се добијат информации за тоа кои затворенички биле бремени.

Тој ја замолил да ги носи сите бремени жени кај него на прегледи за да се увери дека бебињата добро се развиваат и дека јаделе доволно.

Бремените жени убиени во гасните комори

На негово барање, Перл донела 50 жени и запрепастено гледала како ги носеле во камионите на Црвениот крст директно до крематориумот. Била беспомошна и несреќна што била изманипулирана. Вина ја прогонувала ноќе, но животот се чини дека имал многу поголеми планови за неа.

Покрај експериментирањето со близнаци, Менгеле извршил грозни експерименти врз бремени жени, вклучувајќи и вивисекција (обдукција на живи и будни жени).

Кога видела што работи психопатичниот лекар, таа решила да најде начин како да им помогне на несреќните жени и да се спротивстави на неговата тиранија.

Морална дилема

Перл била пред морална дилема: ако помага во раѓањето на бебиња, таа знаела дека тие деца ќе завршат во психопатични раце на Менгеле, од друга страна, ако пријавувала бремени жени, тие ќе умрале во гасните комори. И во двата случаи, болна смрт ги чекало и децата и бремените жени. Затоа Жизел Перл решила да врши абортуси.

"Боже, ти го должам мојот живот - живо бебе"

Таа скришно работела околу кампот за да ги спаси жените од гасните комори и неродените бебиња од ужасните експерименти.

Таа самата си мислела: „Ако соберат сили да се борат после ова, тие еден ден ќе бидат слободни и ќе го преживеат пеколот од логорот и ќе создадат свое семејство“.

Се верува дека таа извршила над 3.000 абортуси. И додека „ангелот на смртта“ работел на своите дневни хорор експерименти, „ангелот на Аушвиц“ ноќе извршувал убиства од милост.

Пред секој абортус, таа велела: „Боже, ти го должам мојот живот - живо бебе“.

Трансфер во друг камп

Кон крајот на војната, Перл била префрлена во друг логор. За да ја раздели од „сестрите“, д-р Менгеле ја депортирал најпрво во Берлин, потоа во лабораториски камп близу Хамбург, и конечно во логорот Берген-Белсен, каде преживеала во среде „планината од трупови“ до доаѓањето на британската армија во април 1945 година.

Потоа дознала за загубата на целото семејство, но и дека нејзината ќерка е жива. Преплашена од очај, таа се обидела да се отруе и била испратена во манастир за опоравување во Франција.

Бегство од Европа во Соединетите држави

Таа наскоро ја напуштила Европа и заминала во Њујорк, каде поминала низ процес на сослушување од страна на истражните тела, поради сомневање дека била помошник на нацистите. Обвиненијата биле отфрлени во 1951 година и добила американско државјанство, благодарение на сведочењата на затворениците.

Таа станала гинеколог во болницата „Монт Синај“ во Њујорк, каде во текот на својата кариера извршила околу 3.000 раѓања и станала експерт за третман на стерилитет. Подоцна ја нашла и нејзината ќерка.

Смрт во Израел

Во 1979 година, таа се преселила во Израел и со тоа ја исполнила заклетвата што ја дала на нејзиниот татко кога заедно отишле во Аушвиц. До смртта, во 1988 година, таа живеела со нејзината ќерка Габриела Блатман во градот Херцлија.

извор:blic.rs