Ја испробав реченицата на Памела Андерсон со која тврди дека ќе го натерате секој маж на брак во рок од 6 месеци, и таа функционира: Овие зборови му прават нешто на машкиот мозок!
Или брак или ништо! Памела Андерсон еднаш изјави дека рецептот за привлекување маж во животот - е едноставно да му кажеш на посакуваниот партнер дека не е вистинскиот. Како некој што се омажил пет пати, славната актерка јасно го применила овој совет успешно и доследно. Неодамна на социјалните мрежи стана вирално видео од девојка која го испроба „трикот“ на Памела и тврди дека има докажани резултати!
Пред неколку месеци, американската манекенка Марина Њуман зборуваше на TikTok за своето искуство - отишла на неколку состаноци за два месеци и на секој од додворувачите им го кажала истото: „Сладок си, одлично си поминав, но во овој момент сакам само некоја приказна која води во брак и едноставно не гледам дека ова би можело да стане нешто сериозно“.
@marinainmiami It’s still a no from me dawg- but i need a case study done on this and shut up rings #shutupring #dating #relationship original sound - Marina Neuman
„Можеби мислите дека повеќето мажи би побегнале од оваа изјава со своја глава, но не! Се случува токму спротивното. Одбивањето му прави нешто на нивниот мозок. Наместо да размислуваат: „Таа сака сериозна врска, треба да си одам од тука“, нивниот мозок им вели: „Таа сака сериозна врска, но не со мене? Сега морам да се трудам повеќе од кога и да било“, изјави оваа 26-годишна девојка.
Марина, инаку метеоролог од Њујорк, за „Њу пост“ додала дека не се обидела активно да ја тестира изјавата на Памела, но дека сепак открила дека има многу вистина во неа. „Мислам дека се се сведува на тоа дека мажите едноставно имаат потреба да ве „бркаат““, истакнува таа.
Инаку, Памела го даде овој контроверзен совет во документарниот филм на Нетфликс за нејзиниот живот „Pamela, a Love Story“. „Најдобар начин да се омажиш е да му кажеш на некому: „Никогаш нема да се омажам за тебе“. Во рок од шест месеци, сигурно ќе се омажиш. Но, мора да го мислиш тоа. Како, никогаш нема да се омажиш за таа личност, никогаш“, рекла славната 56-годишна актерка.
ФОТО: Инстаграм
Извор: zenablic.rs