Ја малтретираа поради изгледот, а една Тв емисија ѝ го смени животот
Откако се појави на телевизија, луѓето на социјалните мрежи ѝ упатуваа гнасни навреди. Многумина се изненадени од тоа како изгледа сега.
Џема Свифт од градот Кроли во Англија е позната како „жената со заби како на коњ“ . Како мало девојче доживеала несреќа поради која луѓето со години потоа ја малтретираа. Кога имала шест години, удрила со глава во бандера, по што дошло до тоа забите да ѝ бидат искривени и исфрлени напред. Откако во 2015 година гостуваше во емисијата на Џереми Кајл, каде што со гледачите ја сподели својата приказна за сексот со поранешното момче, луѓето на интернет почнаа да ја исмеваат поради забите.
Гема во шоуто на Џереми Кајл
По неколку години, животот на оваа девојка се сменил од корен.
Таа доби сосема нови заби кои чинат 11.240 евра. Џема повторно се појави во емисијата на Џереми за да ги покаже новите заби. Луѓето на социјалните мрежи коментираа дека таа изгледа одлично.
Џема со новите заби кои чинат 11.240 евра изгледа одлично
Новите заби, на Џема ѝ ги платила екипата на емисијата, која многу сакала да ѝ помогне откако им било жал кога виделе како луѓето ја малтретираат на Твитер. Џема добила соодветен медицински третман кој ѝ го сменил животот.
„Јас сум сосема нова личност. Ова ми го смени животот. Можам да се погледнам во огледало и да не се грижам за никого“, изјавила англичанката која сега редовно објавува фотографии со новите заби на социјалните мрежи и добива комплименти од пријателите.