Ја осудуваа за љубовта со 17 години помладиот сопруг, но им докажа дека е неуништлива: А никој не би рекол дека е на прагот на 50-те години

Познатата манекенка Хајди Клум позираше покрај својот 17 години помлад сопруг и докажа дека љубовта меѓу нив цвета.

Хајди Клум е една од најуспешните манекенки на сите времиња. И покрај тоа што е на прагот на својата 6-та деценија, таа привлекува големо внимание и восхит со своето заносно тело и младешкиот лик.

Познатата манекенка отсекогаш нагласувала дека никогаш немала проблем со вишокот килограми, туку дека има посебна диета која е заслужна за нејзиниот изглед.

На социјалните мрежи таа објавува фотографии со попровокативна содржина, додека многу мажи воздивнуваат по неа. Сепак, Хајди ја најде среќата со 17 години помладиот Том Каулиц.

View this post on Instagram

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


Манекенката и поранешниот фронтмен на групата Tokio Hotel се венчаа во 2019 година, додека пред свадбата беа во врска 2 години. Поради големата разлика во години, многумина се сомневаа во нивната љубов, а често беа и мета на негативни коментари.

И покрај се, нивната љубов преживеа, а парот од ден на ден докажува дека се неуништливи, и дека љубовта меѓу нив цвета.

Манекенката неодамна објави фотографија на својот Инстаграм профил, и напиша дека е направена во нејзината домашна канцеларија. На споменатата фотографија Хајди се бакнува со својот сопруг, додека нејзиното жешко тело во бикини е до израз.

View this post on Instagram

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


Инаку, Хајди зад себе има два брака и низа неуспешни врски, a е и мајка на Лени.

View this post on Instagram

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


извор:stil.kurir