ЈАС СУМ СУПЕР БАБИЧКА: Пејачката Росана ужива со внукот
Фолк- пејачката Росана Сариќ-Тодоровска ужива во улогата на баба. Нејзиниот внук Ноа од ќерката Ивана и од зетот Џејмс, наскоро ќе наполни еден месец.
„ Јас сум супер бабичка. Внук ми Ноа е злато мало, и 9 август ќе полни еден месец. Секој ден си одам кај него и ѝ помагам на ќерка ми, иако и таа и зетот се покажаа како многу совесни и добри родители. За неколку дена ќе бидам на одмор, кој ќе го искористам во најубавото нешто за мене, а тоа е грижата за внук ми и помошта на ќерка ми. Ноа е мирен и добар, „љуби га баба“, ни изјави Росана.
Среќни како баба и дедо.- Росана и Трупче
Таа жали што нејзината сестра близначка, Маријана која живее во Австралија сѐ уште не го видела внукот. „Маријана и Ноа ќе се дружат следната година, тогаш ќе дојде во Скопје“, додава Росана.
За својот зет Џејмс, кој е англичанец, пејачката вели дека имаат супер односи. Неа ја вика мама, а сопругот, актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче, тато.
Кога и се роди внукот, Росана за Женски магазин раскажа дека се чувствува прекрасно. „ Измешани чувства. Бог ми ја одзеде душата моја, брат ми, но ми донесе нова душичка. Си плачам“, ни рече Росана. Нејзиниот брат, Мирослав почина на крајот на април. “Брате мој, душо моја, ангелу мој. Три месеци полни со горчина, болка и јад која не се опишува“, напиша Росана на својот фејсбук профил минатата недела.
Росана со ќерката, зетот и со сопругот
Една ипол година, Росана работи во книжарницата „Култура“, и вели дека е среќна во светот на книгите.
„ Се повлеков од естрадата поради неправдите, особено на фестивалите , од немање на вистинско мерило на вредности, и помалку заради моите работни обврски. Јас пак ќе пеам, ќе има нови песни за мојата верна публика и за луѓето кои што ме сакаат, а пресреќна сум што ги има во голем број,навистина. Но, пеењето нема да биде со голем интезитет како некогаш. Инаку, во трговијата сум скоро 18 години. Во фирмата „Еуротрејд“ бев вработена речиси 12 години, и благодарение на таа работа стекнав огромно и непроценливо искуство за работа. Потоа бев вработена во „Стружанка“, таму останав точно 5 години, и стекнав едно малку поинакво искуство. Еве, сега сум во светот на книгите, во „Култура“, изјави Росана во интервју за Женски магазин.
М.Џаровска