Јелена Ѓоковиќ откри: Бев шанкерка, а работев и во обложувалница

Јелена Ѓоковиќ денес е успешна бизнис жена, на која многумина и завидуват на успехот и животот во изобилство. Сепак, не крие дека нејзините почетоци не биле лесни.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ и директор на Фондацијата Новак Ѓоковиќ, како тинејџерка сакала да студира во странство, со цел да ја исполни таа желба на почетокот почнала да работи и да се снаоѓа сама.

- Во изминативе 14 години, не живеев во Србија, и не живеам во систем во кој живеат нашите млади луѓе. Мојата прва работа беше на 16-годишна возраст во парфимерија, Потоа работев во обложувалница, па како шанкерка, правев кафе, сокови, за да заработам пари за карта до Италија и да одам на студии, изјави Јелена во утринската прграма на ТВ Прва.

Таа се осврна на работата во фондацијата со името на нејзиниот сопруг, а водителите прашаа како се финансира фондацијата.

- Има многу луѓе кои нудат помош, материјална и физичка, и многу им благодарам за тоа. Но, најголемите донатори се Новак и јас. Не сакаме да го истакнеме ова, бидејќи ова не се смета за лична промоција, но сфативме дека ако зборуваме за тоа, ги охрабруваме и другите да донираат , рече Јелена.

Јелена искрено одговори дека тие донираат дури 2 милиони евра на годишно ниво.