Јелена Ѓоковиќ прави ајвар: Вистинска балканска домаќинка

Добивај вести на Viber

Сопругата на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, не изостана од традицијата на балканските домаќинки, па на социјалните мрежи покажа дека подготвува неколку јадења, меѓу кои и домашен ајвар. 

- Ајвар, по нашки! - кратко напиша Јелена во описот на објавата. 

Очигледно ајварот ќе биде на менито следната зима во семејството Ѓоковиќ. Иако Ноле и Јелена се познати по тоа што се грижат за храната која ја консумираат, тие сепак не се откажаа од традиционалниот специјалитет.

А Јелена одлично се снаоѓа во кујната, па во текот на денот подготви уште неколку јадења.