Каде бевте додека Влатче беше жив: И Перо Камиказа се огласи по смртта на пејачот

Петар Георгиевски - Камиказа, еден од основачите на легендарната поп-рок група „Меморија“ напиша емотивен статус за ненадејната смрт на Влатко Илиевски.

- Каде бевте сите на концертот на „Морал“ да му дадете поддршка на Влатче и бедндот? Прочитав илјадници постови со жалење, а видов стотина луѓе на оваа прекрасна свирка.. Да ги почитуваме вредностите додека се живи и да им дадеме поддршка, а не откако ќе биде доцна! И да, од што отишол и зошто отишол од овој свет е само работа на Влатче!!! Непрокопсани! Почивај во мир колега и извини можеби малку доцна се простувам од тебе од икс причини, но да знаеш! Уживав на твојот последен концерт! Нека ти е вечна слава колега! - напиша Камиказа на својот профил на „Фејсбук“.