„Каде би биле денес без тоа?“: Сопругата на Вил Смит призна дека шамарот од Оскарите целосно ѝ го променил животот
Откако Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите, приказната за животот на Вил Смит и неговата сопруга почна да се расплетува. И постојано носи нови информации.
Џејда Пинкет Смит откри дека сега размислува за шамарот на Вил Смит за Крис Рок на Оскарите.
Во новото интервју за Дејли Мејл, 52-годишната актерка објасни дека одлуката на Вил да му удри шамар на Крис Рок за време на Оскарите во 2022 година сега има нов наслов и наслов за неа: „Свети шамар“.
- Речиси и да не присуствував на Оскарите таа година, но мило ми е што присуствував - изјави Џејда .
А потоа објасни како сега го нарекува тој момент.
- Сега тоа го нарекувам „свет шамар“ затоа што после тоа дојдоа многу позитивни работи - објасни актерката во новото интервју.
Според Џејда, моментот кога Вил го удрил Крис откако се пошегувал со нејзиниот изглед, имал големо влијание врз нивниот брак.
По тој шамар, актерката за медиумите откри дека таа и Вил не живеат заедно седум години, а во тој период имала и момче.
- Тој момент ми помогна да видам каде навистина сум. После сите тие години обидувајќи се да сфатам дали ќе го оставам Вил, ми требаше таа шлаканица за да го натерам да види дека никогаш нема да го оставам. Кој знае каде ќе беше нашата врска да не се случеше тоа – се прашала Џејда.
Од ова не е многу јасно дали Вил и Џејда се помириле, но евидентно е дека се поблиски еден до друг отколку пред тој шамар.
Инаку, таа претходно во изјава рече дека смета дека сите муабети за шамарот се само исцениран скеч. Како и многу луѓе кои го гледаа инцидентот на телевизија во живо, таа на почетокот не веруваше дека е вистински.
- Бев како: „Нема шанси Вил да го удри“. Дури подоцна сфатив дека тоа не е скеч. Првите зборови што му ги кажав на Вил кога бевме сами по церемонијата беа - Дали си добро - открила Џејда.
ФОТО: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN