Каде ни бегаат студентите на работа преку лето?
Младите од Македонија во текот на летото патуваат и работат во Америка, со што имаат шанса да се запознаат со американската култура, но и да заработат. Тие имаат искуства кои цел живот ќе ги паметат.
„Бев за да прошетам, но и заради искуство, но ако сакаш дефинитиво можеш да заработиш. Генерално, супер искуство кое вреди за цел живот, затоа што се снаоѓаш кога ги нема мама, тато, до тебе. Работиш, переш, пеглаш, се храниш, менаџираш со пари и време, запознаваш луѓе и си среќен што си платен“, вели Борјана Атанасовска од Скопје.
Студент од Куманово вели дека она што тој го доживеал, го поскаува за сите млади луѓе, да шетаат, работат, и да запознаат пријатели од целиот свет.
„Cedar Point Parc не е место за заработка на голема сума на пари, но е и те како место за забава, дружење и пријатели, и вреди да се посети. Заработката е во зависност и од работната позиција“, вели младиот кумановец.
Целата сторија прочитајте ја на ФАКТОР.МК