Кај мене излезе трето па машко, мојата сопруга е вистинска лавица: Актерот и музичар Кирил Трајковски доби син

Актерот, режисер и музичар Кирил Трајковски - Максим, познат и како Марлон Брандо денес стана татко по трет пат и доби син.

-Станав татко по трет пат!!!!
Кај мене излезе трето па машко. 
Фала господе што на овој убав празничен ден ми го донесе Симон џуниор. Мојата сопруга е вистинска лавица и раѓа деца арслани. Ирена ти си ми се - напиша Кирил на својот Фејсбук профил објавувајќи ги среќните вести.

Инаку денес е големиот празник Воведението на Пресвета Богородица. Воведот, или како што се нарекува и Света Пречиста или Дева Марија, во православниот календар е означен со црвени букви и е еден од 12-те најголеми христијански празници.

Тој е неколку години во брак со неговата љубов Ирена.

Поврзани вести:

Утринско кафе со Кирил Трајковски: Денот ми почнува со бебешко галење

фотографии:Facebook