Како Гугл на Хрватите им го честита среброто на Мундијалот?

Целиот свет деновиве ѝ се воодушевува на Хрватска, а Гугл денеска ја претстави новата илустрација инспирирана од успехот на Огнените. 

Среброто го овековечил Ведран Клеменс, автор на Google Doodlea кој во текот на Светското првенство работеше на хрватски мотиви. 

Претставени се хрватските црвено - бели коцкици, копачки, навивачи и огнено сонце, при што се покажува и порака: Браво Хрватска. 

Илустрација има и за Французите за кои пишува: Браво Сини.