Како изгледаше најмоќната Арапка пред 15 години: 2 милиони долари за пластички операции, толку се смени што луѓето не можат да поверуваат дека тоа е истата жена (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Шеиката Моза бинт Насер е една од најмоќните жени во Катар, пред сè затоа што е мајка на сегашниот емир и за неа постои голем интерес низ целиот свет

Моза бинт Насер е убедливо најдобриот амбасадор на Катар: образована, самоуверена жена и мајка на седум деца. Сепак, не можеме, а да не забележиме дека бевме шокирани во моментот кога откривме дека оваа неверојатна жена има 63 години, бидејќи изгледа дупло помладо.

Неодамна пишувавме за тоа како странските медиуми шпекулираат дека Моза потрошила милиони долари, и дека наводно имала околу 12 операции за да ја зачува младоста. Се вели дека никаде не можат да се најдат фотографиите на Моза бинт Насер, бидејќи ги запалила, но затоа на „Јутјуб“ има видео старо околу 15 години, а на него е Моза.


Таму Моза е облечена скромно, со помалку шминка на лицето и многу попристапен изглед, но луѓето не можат да поверуваат дека за овие 15 години шеиката воопшто не се променила. Згора на тоа, таа изгледа сосема исто како денес.

Секако, многу се шпекулациите дека Моза направила пластична операција, иако тоа никогаш не е потврдено. Сепак, на некои нејзини фотографии јасно се гледа дека таа инјектирала ботокс.

Некои арапски медиуми тврдат дека таа влегла во светот на пластичната хирургија во далечната 1992-ра година, кога наводно ја запознала израелската политичарка Ципи Ливни, на која ѝ кажала дека знае како да стане најгламурозната жена во катарската палата.

Инаку, и мажите и жените одат на пластични операции во Катар, а таму се наоѓаат водечките пластични хирурзи во светот.

„Кога го отворив Центарот во 2001-ва година, доаѓав по 3 часа на ден и имав само околу 5 пациенти. Сега имам 10 лекари и преку мојата ординација поминуваат преку 100 пациенти дневно“, вели Гулф Тајмс, пластичниот хирург и основач на Центарот за пластичната хирургија во Катар.

View this post on Instagram

A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser)


„На почетокот 90% од клиентите беа жени, а сега 50% од пациентите се мажи, а 50% се жени“, рече тој.

Овој доктор вели дека мажите се свесни дека е многу важно да изгледаат убаво, па затоа се подложуваат на пластични операции, бидејќи сакаат да изгледаат помлади и поздрави.

„За да бидат поуспешни, мажите денес работат на својот изглед.“

View this post on Instagram

A post shared by SheikhaMozaFashion (@sheikhamozafashion)


Според него, жените во Доха најмногу инвестираат во зголемување на градите, подигање и намалување на градите, затегнување на стомак, обликување на телото и липосукција.

„Операциите на носот се вообичаени за речиси сите - и за мажи и за жени. Сепак, најредовни се оние кои доаѓаат за отстранување на влакна, но и за филери. Луѓето овде се добро образовани и сакаат да изгледаат добро, а имаат и пари. “ рече овој доктор.

Извор: stil.kurir.rs