Како Љубе Бошкоски се запознал со сопругата?

Добивај вести на Viber

Се запознале во Скопје каде што тој студирал и каде што живееле и се школувале неговите сестри. Виолета живеела во соседството на неговата најстара сестра и посредувала во нивното запознавање. Љубе бил втора година на Правниот факултет, а таа имала само 17 години. Нивната средба, дефинитивно, била љубов на прв поглед, иако тогаш, како што во една прилика изјави познатиот политичар, во тоа сè уште мало девојче не ја препознал веднаш жената на својот живот.

- Но девојчето беше навистина храбро и со оглед на тоа што во тоа време, како млад студент, јас не можев да бидам само со една девојка, сето тоа го издржа и стана моја жена. Затоа им велев на синовите дека само девојка која може да ве издржи во младоста, заслужува да биде ваша жена - изјави Бошкоски пред неколку години за „1Е Магазин“.