Каква мајка, таква ќерка: Постарата наследничка на Јелена Карлеуша изненади со фотосесија
Атина Тошиќ наскоро ќе ја достигне висината на својата славна мајка Јелена Карлеуша, иако има само 12 години
Оваа девојка стана вистински моден пример за тинејџерките, па засега ја следат неверојатни над 90 илјади луѓе на Инстаграм.
Атина е, многумина коментираат, „копија на мама“, и по лицето и по структурата на телото.
На новите фотографии направени од познатиот српски фотограф Дејан Милишевиќ, малата Атина блеска, а очигледно е дека камерата ја сака. Гордите мајка и татко коментираа на фотографиите на својата ќерка.
Јелена неодамна истакна дека на сè што ја научила нејзината покојна мајка Дивна, сега им го пренесува на нејзините наследнички Атина и помладата Ника.
- Атина не знае дали ќе биде одбојкарка, танчерка, модел, актерка ... сака сè, тука е на мама - изјави неодамна Јелена.