Какви се нашите познати мажи според автомобилот што го возат?
Мажите едноставно ги сакаат автомобилите! Меѓу нив постои една нераскинслива врска. Гаражата во која го чуваат својот „миленик“ е местото каде најдобро се чувствуваат, таму бегаат за да си ги прочистат мислите или да донесат некоја важна одлука. Автомобилите некако им ја враќаат самодовербата и силата и ги прават моќни, надмени, горди… Имаат статус на личност во машкиот мозок и им се верни пријатели. За жените овие превозни сретства служат да ги пренесат од точката А до точката Б и да бидат чисти, убави, миризливи, со префинети линии…и толку! Не кај сите жени се разбира, но кај повеќето е така.
Психолозите тврдат дека изворот на автомобил целосно го разоткрива машкиот карактер. Истражувањата покажуваат дека сопствениците на скапите автомобили како „Јагуар“, „Ферари“, „Мерцедес“, „БМВ“ многу свесно и наменски бираат такви автомобили. Сакаат да бидат приметени, се трудат да го нагласат својот статус и моќ. Во принцип, тоа се добро ситуирани луѓе со успешни кариери, кои со своите автомобили и нагласуваат на околината дека се „алфа мажи“, предводници, лидери.
Какви се нашите познати мажи според автомобилот што го возат, дознајте на МАШКИ МАГАЗИН