Калиопи полни 56 години: Со сите мои раѓања и паѓања , мојот живот има смисла

Добивај вести на Viber

Поп дивата Калиопи денеска го слави својот 56-ти роденден

По тој повод таа објави фотографија по костим за капење, и напиша интересен опис кој доста открива:

„Дојде и овој ден!

Дали сум на море? Не!

Дали би сакала да бидам? Да!

Дали им се радувам на годиниве? Да!

Дали би сакала да бидат помалку? Не!

Дали сум задоволна со мојот живот? Да!

Дали би сменила нешто? Не!

Затоа што за сите овие години, со сите мои раѓања и паѓања , мојот живот има смисла колку на оваа фотографија, за која сигурно не ви е јасно зошто токму една летна во зима.

Е па, затоа што токму таков е и мојот живот! А јас, се разбира, преблагодарна!

Ве сака Опи!“



Слободно може да кажеме дека Калиопи и денес изгледа непроменето, па кој би рекол дека полни 56 години?

Овој месец роденден прослави и нејзината мајка Марија, а Калиопи ѝ направи посебна честитка.