Калиопи: Ромео беше и остана мојот најмил

Калиопи е актуелна во регионалните медиуми пред утрешниот концерт кој ќе го одржи во Требиње, Република Српска. Во интервјуто за српскиот весник и портал „Новости“ таа откри интересни информации.

На прашањето, кој беше и сѐ уште е вашиот најмил, таа одговори: „Ромео. Сигурно. Беше и остана мојот најмил“, одговори Калиопи за нејзиниот “Rođeni”, оригиналното име на евергринот „Бато“, чиј автор е поранешниот сопруг и нејзин продуцент, Ромео Грил.  За приказната во песната „Црно и бело“, Калиопи вели дека од секогаш ѝ биле важни човечките животи и судбини. „Го сакам црно-белиот свет, затоа што животот сам по себе е полн со мистика“, додава поп-ѕвездата.

„Некои намерно ми ги кршеа крилјата, некои несакајќи. Но, како феникс, секогаш се подигав од пепелта“, се дел од нејзините одговори. Во интервјуто, таа зборува и за синот Пако кој живее во Швајцарија, велејќи дека ѝ е најважен во животот. 

Калиопи раскажува дека Ромео најдобро ја опишал во песната „Вучица“. „Залудно го бараш моето второ јас, јас сѐ уште самата себе си не сум се издала. Еднаш волчица- засекогаш волчица“, изјави Калиопи.